Општина Гевгелија: Извршен технички прием на Динќут

На спортско-рекреативниот центар Динќут извршен е технички прием на проект, што го изведуваше фирмата „Универзал градба“ од Струмица, а во присуство на фирмата „Хидроенергоинжинеринг“, која го вршеше надзорот. Притоа, беше направен записник за предавање на центарот на општина Гевгелија, по санирање на одредени помали недовршени работи од страна на изведувачот. Инаку, на Динќут во тек е акцијата за целосно чистење на теренот, по што ќе уследи и хортикултурно уредување. Паралелно со ваквите активности, преостанува внатрешното уредување на куќичката на влезот во спортско-рекреативниот центар, која ќе се користи и како чуварска куќичка. Покрај ова се подготвува пресметка и проектна документација за доградба на тоалети на овој дел од центарот.


Инаку, Динќут секојдневно и секој викенд привлекува се поголем број гости, и тоа, уште пред неговото целосно профункционирање. На ова поранешно гевгелиско излетиште, а денес во место за спорт, забава и рекреација, уредени се детско игралиште за мал фудбал, детско игралиште со реквизити и опрема за забава на деца – трамбулина, тобоган и лулашки, вештачка карпа за искачување, како и детско игралиште со опрема од природни материјали. Покрај ова, уредена е фитнес зона и амфитеатар со платно за проектирање, поставени се три летниковци за одмор,како и друга опрема. Уредена трим патека опремена со реквизити за трчање и вежбање наменети за возрасната група на посетители, изработени целосно од природни материјали.

Извор: Општина Гевгелија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *