Општина Гевгелија: Прогласената епидемија на мали сипаници во Гевгелија продолжува


Активните епидемии на мали сипаници прогласени во четири здравствени региони во земјата, во Скопје, Тетово, Куманово и Гевгелија, остануваат, потврди епидемиологот доктор Сашо Олумчев, на последната седница на Советот на општина Гевгелија, а по повод Информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје – ПЕ Гевгелија, за состојбата со прогласената епидемија на морбили во општина Гевгелија. Од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 15.03.2019, во Република Македонија се регистрирани 555 случаи на мали сипаници, од нив 439 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје. 
Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 18 градови од Македонија, од нив 394 случаи од Скопје, 50 се од Тетово, 36 од Куманово, 18 од Гевгелија, по 10 случаи има во Струга и Велес, 9 од Дебар, 7 од Гостивар, 5 од Кичево, 4 од Кочани, a во останатите 8 градови се регистрираат спорадични случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Скопје (63,8/100.000) и Гевгелија (52,3/100.000).
-Најголем виновник за појавата на епидемијата на мали сипаници во Македонија е рапидниот пад на колективниот имунитет, особено кај најмладата популација, што се должи на силната антивакциона кампања против МРП вакцината, за која неоправдано се тврди дека предизвикува разни несакани болести, смета доктор Сашо Олумчев.

Извор: Општина Гевгелија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *