Општина Гевгелија: Промоција на книгата „Енгеле-бенгеле“ од Тони Аврамов

На 25 март, во понеделник, во Народниот театар  во Гевгелија, во организација на Домот на културата, ќе се одржи промоција на книгата „Енгеле-бенгеле“ од Тони Аврамов.

Промотор на оваа интересна книга за деца е м-р Даниела Џишева, а промоцијата ќе биде збогатена со изведба на драмското студио „Дон Кихот“.

Промоцијата започнува во 19 часот.

 
Се работи за книга по која е правена  Новогодишната претстава за деца во 2008 година, а која беше изведена пред пошироката јавност во Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *