Општина Гевгелија: Реконструкција на урбаната опрема во центарот на градот

ЈПКД ,, Комуналец” во рамките на своите редовни активности, изврши реконструкција на урбаната опрема во центарот на градот.

Извршена е реконструкција на клупите и хортикултурно уредување на просторот крај шеталиштето, а пред хотел „Аполонија“.

Од јавното комунално претпријатие најавуваат и уредување на просторот наменет за фонтана, кој засега ќе биде хортикултурно уреден.

Со ваквите зафати се настојува да се подобри урбаната слика не само за центарот, туку и другите делови од градот.

Извор: Општина Гевгелија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *