Општина Гевгелија: Вратени надлежностите на Основниот суд

На Основниот суд Гевгелија му се вратени надлежностите, односно овој суд од 1 јануари 2020 година повторно ќе може да ги врши надлежностите на основни судови со проширена надлежност. На 88.седница Собранието на Република Македонија го донесе Дополнетиот Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, според кој, во член 8 е извршено следното деполнување:
„Основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Кичево ќе ги вршат надлежностите на основни судови со проширена надлежност од 1 јануари 2020 година. “
Судските постапки започнати пред 1 јануари 2020 година, а кои по добивањето на статус на судови со проширена надлежност на судовите во Гевгелија, Кавадарци и Кичево би потпаднале под нив, продолжуваат пред судот пред кој започнале.
Според градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, враќањето на надлежностите на Основниот суд во Гевгелија е за поздравување. Бидејќи значително ќе придонесе за олеснување на судските постапки, пред се, за граѓаните и правните лица, кои изминативе години мораа на суд да се јавуваат во Велес. Од друга страна, Гевгелија и околината се пограничен простор, изложен на зголемен промет на стоки и патници, но и на бројни предизвици. А, тоа значи дека брзото присуство и дејствување на правосудните органи е повеќе од неопходно. Затоа и сметам дека со враќањето на општите надлежности на Основниот суд во Гевгелија е вистински чекор што го направи Републичкото собрание, за потребите на граѓаните на општина Гевгелија, вели Поцков

Извор: Општина Гевгелија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *