Општина Гостивар: Отворена донаторска сметка за трагедијата кај Ласкарци

Почитувани граѓани на Гостивар и Македонија во општо, ве информираме дека согласно одлуката на Советот на Општина Гостивар усвоена едноглчасно на 12-тата седница, од денес е активна Посебната сметка во која можете да донирате средства за помош на членови на семејствата на загинатите и на повредените во трагедијата во близина на селото Ласкарци.
Средства можете да донирате жиро-сметка број:
716014021578990
Приходнашифра:
72591600
Целна дознака:
Поддршка на настраданите во трагедијата во Ласкарци Жиро-сметката ќе биде отворена на неопределено време, а на денот на нејзиното затворање ќе донесе одлука Советот на Општина Гостивар. Во зависност од собраните средства, Советот ќе одлучи и за начинот и износот на
средствата кои ќе им бидат доделени на настраданите.

Гостиварци и граѓаните на Македонија генерално, отсекогаш знаеле да се покажат хумани и солидарни. Да го докажеме и овојпат нашиот хуманизам и да ги споделиме болката и загубата заедно со настраданите во најголемата трагедија што го погоди Гостивар!

Извор: Општина Гостивар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *