Општина Карпош: ,,Моја Картичка” линк за соработка со сите граѓани

Тука израснав, живеам и чест ми е што денеска сум на средба со сите вас, пензионерите од Млечен“, започна градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев на денешната инфо сесија за Мој Карпош – Моја Картичка, со повозрасните сограѓани од урбаната заедница Владо Тасевски.

Во пријатна и топла атмосфера, пензионерите се информираа за картичката за попусти и бенефиции во повеќе од 250 субјекти на територија на Карпош.

Попусти и бенефиции веќе даваат голем број на кафулиња, ресторани, аптеки, здравствени ординации и сл.

Со градоначалникот Богоев разменија мислења и за идејата за воведување на нови содржини во клубовите, одржување на работилници за изработка на ракотворби, едукативни предавања за превенција од различни болести.

  • Богатиот маaлски живот и меѓугенерациската дружба секогаш биле карактеристични за Карпош. За жал, како резултат на брзото живеење подзаборавивме на овие моменти. Затоа, мојата цел е во овие клубови да доаѓаат и ученици, да остварат средба со вас, да реализирате работилница. И со оваа картичка успеавме да направиме соработка меѓу повеќе страни и да ги опфатиме буквално сите категории на граѓани.

Маалскиот живот го враќаме и со разубавањето на маалските паркчиња и зелени површини – создаваме нови зони за социјализација и дружење на граѓаните,  рече Богоев.

На оваа средба се разговараше и за проектот за „хумани патроли“, кој Општината го подготвува за повозрасните сограѓани.

Всушност, лицата кои се под социјален ризик или не добиваат никаква грижа, ќе бидат посетени од страна на медицински тимови и социјални служби од Општината, со цел да им се пружи нега и здравствена заштита.

Локалната самоуправа и во претстојниот период ќе продолжи со информативните сесии за проектот Мој Карпош – Моја Картичка.

Извор: Општина Карпош

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *