Општина Карпош: Хуманитарно возно Дефиле – DFCCA

Еден од уникатните и многу атрактивни хуманитарни дружби на нашите простори очекуваме да се случи на 14-ти Април оваа година.

На овој датум, хуманите возачи ќе го испочитуваат симпатичниот dress code и со своите несекојдневни  возила од категориите на Cabrio Coupe GT и Classic, ќе се појават да ги поддржат кампањите кои се борат против ракот на дебелото црево и малигнитетот кај децата.

Традиционалната појава на оваа хумана авто колона, ќе се случува по трет пат на нашите простори.

Оваа година, Општина Карпош е партнер на овој настан и ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат кон истиот. 

Ова е и пролетна традиција во стотина светски градови преку кои се работи на зголемување на свеста кај обичниот граѓанин за превентивни прегледи.

Ова атрактивно возно дефиле почнува од ПСС Зајчев Рид-Скопје во 11 часот наутро и завршува со хумано и забавно дружење во ГП картинг центарот кое почнува од 12 и 30 часот попладне, со пристигањето на уредната колона возила.

На забавата ќе се појават поддржувачите на овие кампањи и секој во свој стил ќе ја изрази поддршката на волонтерите кои несебично го донираат своето време во една ваква убава кауза.

Оваа годинa, се очекува што повеќе градови да бидат дел од оваа приказна, како што минатата година само во Македонија 13 градови се накитија  со титулата ,, Хумани Градови со хумани возачи”.

За повеќе информации околу настанот, посетете ја веб страната www.dfcca.com или Facebook страната Drive for Colon Cancer Awareness.

Извор:  Општина Карпош