Општина Карпош: Одбележан е светскиот ден на Крводарителство

Црвениот крст во нашата држава.

Традиционално, се доделија признанија на деветмина хумани граѓани – крводарители, како и на претставници на  организации, институции и фирми.

Градоначалникот Стефан Богоев ги додели благодарниците на  сите крводарители кои во изминатата година дарувале крв по 50 – ти, 75-ти или 100-ти пат. 

–  Карпош е симбол на светската солидарност. Голем број на метрополи придонеле во обновата на Градот Скопје, а со самото тоа и на Карпош, по катастрофалниот земјотрес во 1963. Затоа имаме и голем број на улици кои се именувани по имиња на светски градови: „Римска“, „Атинска“, „Париска“, „Хелсинки“ и др.

Сакам да Ви честитам за хуманоста и за фактот што претставувате вистински пример во локалната заедница, но и во општеството, посочи во оваа пригода Богоев.

Пред присутните се обрати и Билјана Костова, претседател на ОО Црвен крст – Карпош и членка на Советот, која напомена дека Карпош е лидер по бројот на хумани луѓе кои се одважиле, дарувале крв и спасиле нечиј живот.

Дополнително, секретарот на ОО Црвен крст – Карпош, Маре Кочоска, на градоначалникот Богоев му додели благодарница за локалната самоуправа, за големиот придонес што Општината го дава на полето на организирање на хуманитарни настани и крводарителски акции, во кои, во изминативе години, се собрани повеќе од 3.500 крвни единици.

Благодарници за особен придонес им беа врачени и на Факултетот за информатички науки и технологии (ФИНКИ),  Клиничката болницата „Аџибадем Систина“ и  на МПЦ – Скопска епархија.

Извор: Општина Карпош

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *