Општина Карпош: Реконструкцијана пристапните патеки во ТЦ ,,Лептокарија”

Опшина Карпош започна со санација и обнова на пристапните патеки во задниот дел на ТЦ „Лептокарија“, во урбаната заедница Карпош 3.
Патеките повеќе години беа руинирани и движењето беше отежнато.

Во изминатиов период, локалната самоуправа асфалтираше и поголем број на ударни дупки на паркингот пред ТЦ „Лептокарија“, а се поставија и нови корпи за отпадоци.

Извор: Општина Карпош