Општина Карпош: Започна реконструкција на улица ,,Брадфорска’’ во Козле

По повеќе децении, Град Скопје целосно ја обновува улицата „Брадфордска“, во урбаната заедница Козле.

Денеска, во  теренска посета на овој потег беа градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и градоначалникот на Град СкопјеПетре Шилегов.

Шилегов информираше дека целосно се обновува коловозот (од околу 2.500 метри квадратни), а ќе бидат реконструирани и тротоарите долж улицата (околи 273 метри квдратни).

Исто така, тротоарите дополнително ќе бидат заштитени, со цел да се спречи узурпација на истите од страна на дивите препродавачи на лубеници во летниот период.

Извор: Општина Карпош

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *