Општина Кисела Вода: Ќе се наградат најталентираните жители

На иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели парични награди за талентирани: ученици, спортисти, наставници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели од општинските основни училишта и јавните детски градинки кои се во нејзина надлежност.

За таа цел, на седница на Советот на Општина Кисела Вода беа изгласани следните правилници за утврдување на општите и посебните критериуми за избор и доделување на паричните награди за талентираните жители на општината:

–         Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

–         Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици – спортисти од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

–         Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода

–         Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода

Извор: Општина Кисела Вода