Општина Кисела Вода: Поставени се нови канти за селектирање на отпад во Кисела Вода

Денес Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигена“ на повеќе локации на својата територија постави нови канти за селектирање на отпад, на стакло и пластика.

Имено кантите се донација од „Пакомак“ – Друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Мината година Општина Кисела Вода во соработка со  истото друштво во своите простории постави пластични канти за селекција на пластика, се со цел, селекцијата на отпадот да започне од работните простории на вработените.

Општината како и досега така и во иднина ќе продолжи да работи во насока за зачувување на животната средина. Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста Кисела Вода.

Извор: Општина Кисела Вода

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *