Општина Кисела Вода собра се 7 тони отпад

Со акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема која Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ ја започна вчера, досега во урбаните заедници Црниче и Пржино собрани се 7 тони отпад.

Покрај оваа акција, во истите урбани заедници се одвиваат и активности за расчистување на отпадоците одложени од страна на несовесни граѓани на тротоарите, улиците и тревните површини. Се средуваат детските игралишта, а се кастрат и исушените гранки на дрвјата и грмушките.

Акцијата за собирање на кабаст отпад и електронска опрема ќе продолжи да се одвива следната седмица во четврток и петок во УЗ Драчево, МЗ Драчево и МЗ Подстаница.  

Локалната самоуправа апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, како би придонеле за чиста Кисела Вода.

Извор: Општина Кисела Вода

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *