Општина Кисела Вода: Започната пролетна дератизација

Општина Кисела Вода отпочнува со дератизација на јавните површини на својата територија. Од утре, постапката за уништување на глодарите започнува од урбаните заедници Пржино и Црниче, по што ќе бидат опфатени и сите јавни површини низ останатите месни и урбани заедници низ општината
Дератизацијата ја спроведува Центарот за јавно здравје и согласно планот ќе бидат опфатени 1960 шахти.
Општина Кисела Вода, согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна срединна организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.
Извор: Општина Кисела Вода