Општина Кочани: Динамиката и квалитетот на реконструкцијата на центар за култура ,,Бели Мугри ” доведени во прашање

Претставници на вклучените страни во реконструкцијата на надворешноста на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани одржаа состанок, на кој присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

На месец и половина до истекот на продолжениот рок за реконструкција на надворешноста на овој објект, градоначалникот го изнесе своето мислење за текот на работите и за некои градежни работи видливи за  сите.

– Не ги исполнивме очекувањата на граѓаните. Секојдневно ме прашуваат за некои работи што се очигледни – за видливите оштетувања на новата фасада, за времетраењето на работите и за заградениот простор покрај кејот на реката. Реконструкција на ваква установа не се случува секој ден. Со парите добиени од Министерството за култура, треба да ѝ овозможиме нов век. Да биде дело на кое ќе му се радуваме – кажа градоначалникот на состанокот со изведувачот и надзорот на градежните работи.

Со цел секојдневно да се следат работите на терен, Општина Кочани постави инженер како надворешен надзор, што придонесе навреме да се коригираат некои, но не и сите градежни пропусти. Изнесените забелешки од Илијев ги потврдија и преставниците на  фирмата задолжена за надзор.

На средбата беше предочено дека целта на локалната власт е по реконструкцијата на Центарот за култура да се оформи модерно шеталиште, целина во која овој објект има значајна позиција.

Градоначалникот ја истакна неговата поддршка за поправка и навремено завршување на работите, кои со анекс на договорот се пролонгирани до крајот на април.

Извор: Општина Кочани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *