Општина Кочани: Комунални активности за уредување на повеќе локации во градот и во населените места

Општина Кочани започна да ги уредува двата влеза во Кочани, кај Горни Подлог и Оризари. Механизацијата работи на потегот од бензинската пумпа „Лукоил“ кон Лесна индустрија, каде се расчистува сувата вегетација и се вршат подготовки за пешачка патека во должина од околу еден километар, која во прва фазата ќе води до надвозникот на влезот во Кочани.

Потегот ќе биде осветлен и облагороден со зеленило и значително ќе го подобри изгледот, но и условите за движење на пешаците и велосипедистите на овој крај од градот. Се планира во наредниот период уредувањето да продолжи до Подлошки пат.

Паралелно со овие активности, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ уредува површина за парк во селото Тркање.  Обраснатиот и некорисен простор покрај мостот на влезот во ова населено место, ќе биде мал парк на кој веќе се бетонирани патеки и е поставена фонтана. Според најавите на одговорните, наскоро ќе биде озеленет и ќе се постават клупи и друга урбана опрема.

Педесетина метри подолу, по течението на Трканска Река, се вршат подготвителни работи за изградба на мост, што ќе реши еден долготраен проблем и ќе го олесни движењето на жителите од овој дел на селото Тркање.

Поради испуштањето на отпадни води од домаќинствата во коритото на реката, механизација на КЈП „Водовод“ најавува негово прочистување.

Извор: Општина Кочани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *