Општина Крива Паланка: Светски ден за подигање на свеста за аутизмот – Го обоивме небото во сино
Наставниците и учениците од подрачните училишта во селата Огут и Нерав, за прв пат го одбележаа Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, под мотото „Аутизмот не е попреченост, туку поинаква способност”.
За таа цел, учениците беа запознаени со тоа што е аутизмот и 10-те работи кое секое дете со аутизам сака да ги знаеме за него.
Во знак на поддршка на лицата со аутизам, учениците и наставниците носеа сини маички и со симболично фрлање на балони го обоија небото во сино.
Учениците ја испратија пораката „КАКО ДА БИДЕМЕ ЕДНАКВИ ВО РАЗЛИЧНОСТА“ од најдалечните села со надеж дека ќе допре и до најоддалечените срца.
Извор: Општина Крива Паланка