Општина Крушево: Продолжуваат активностите за чистење на јазот во Бучин и реконструкција на улица

На ден 05.04.2019 година градоначалник на општина Крушево Томе Христоски и директорот на ЈП „Комуна“ се на терен во градот и населените места каде што ја следат реконструкцијата на дел од улицата Партизанска во Крушево и чистењето на јазот во с. Бучин.

Во текот на вчерашниот ден во Свето Митрани пристигна нова донација од бехатон плочки кои ќе се употребат за реконструкција на улица во селото, а во тек се реконструкции на улици во с. Норово и с. Саждево.

„Продолжуваме со секојдневните активности и соработуваме со месното население. Заеднички работиме на подобрување на средината за живеење. Во текот на годинава, според утврдените приоритети, ќе продолжиме со реконструкција на улици, чистење на канали, речни корита, одржување на јавната хигиена и друго.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Извор: Општина Крушево