Општина Охрид: Акција за чистење потег од „Петља„ до с.Подмоље

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на расфрланиот комунален отпад на патниот правец Охрид-Скопје на потегот од „Петља„ до с.Подмоље.

Со акцијата се започна од раните утрински часови-од 5 часот, а во акцијата учествуваа 8 комунални работници.

Расчистен беше и потегот кај автобуската постојка кај с.Подмоље до стариот пат Охрид-Струга.

За жал и овој пат подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини.

Извор: Општина Охрид