Општина Охрид: Градежни активности на повеќе делови во градот

На повеќе локации низ општина Охрид во тек се градежни зафати. За темпото со кои се одвиваат активностите, денес, од лице место се информираше в.д. градоначалникот Константин Георгиески.

Во рамки на обиколката в.д. градоначалникот, изврши увид на градежните активности за изградба на спортска сала во кругот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. Понатака на улицата „Егејска“  каде екипи на ЈП „Нискоградба“ вршат санација на дел од атмосферската канализација и поставување на сливници. Улицата  по завршувањето на градежните зафати во целост ќе се асфалтира и ќе се изведат нови тротоари и велосипетска патека. Исто така нови тротоари се поставуваат на дел од коловозот во Рача,а градежните зафати ги изведува ЈП „Градски Гробишта“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *