Општина Охрид: Спроведена акција за чистење на комунален отпад покрај магистралниот пат Охрид-Битола

Eкипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на расфрлан комунален отпад покрај коловозот од магистралниот пат Охрид-Битола, на потегот од с.Косел до месноста Прентов Мост.

Иако оваа активност не е во наша надлежност бидејќи се работи за магистрален пат, им излегвме во пресрет на барањето на М.З. Куратица. Подигнати се огромни количини отпад од пластична амбалажа, хартија, лименки.

Извор: Општина Охрид