Општина Прилеп: Средношколски музички фестивал „Гимфест“

„Го поздравувам фактот што гимназијата најде начин  на препознавање на квалитетите, кои ги поседуваме во областа на музиката и што овозможува сето тоа да биде блиско до сите нас, а на  учениците им ги отвора вратите за нови почетоци, ги поттикнува да ги негуваат своите квалитети, да ја сакаат музиката,  да градат пријателства и да споделуваат искуства и моменти“, рече градоначалникот Илија Јованоски, прогласувајќи го за отворен музичкиот фестивал „Гимфест“, што по 9 -ти пат се одржува во организација на гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

Директорот на гимназијата, Димче Настоски истакна дека следната година,кога „Гимфест“ ќе одбележува јубилеј, 10 години постоење, има тенденција да прерасне до прв национален средношколски музички фестивал.

Средношколскиот музички фестивал предизвика голем интерес кај средношколците вечерва. Салата во центарот за култура „Марко Цепенков“ беше преполна. Настапија млади вљубеници во музиката од градот. Оценувачка комисија од професори по музика, ќе ги избере најдобрите три интерпретации. Низ годините на сцената на „Гимфест“ продефилираа многу млади прилепчани, коишто по ова искуство, зачекорија сериозно во светот на музиката.


Извор: Општина Прилеп