Општина Пробиштиш: Се случи осмото издание на Зелникот на баба

Вчера на 23 март на градскиот плоштад во Пробиштип се случи осмото традиционално издание на манифестацијата “Зелникот на баба” 2019.

Учество земаа 16 града од РМ, три од Р. Бугарија и еден од Р. Србија. На лице место се демонстрираше како се изготвува и како се пече под вршник. Имаше натпревар во брзо сукање, каде победи натпреварувачката од Новаци, за нај етно украсена маса беше избрана масата на гостите од Алексинац, Р. Србија. Најмногу средства собраа жените од Пробиштип. Даниела Темелковска и Ирена Спасовска направија одлична атмосфера, се играше на градскиот плоштад кој никогаш не е бил повеќе исполнет.

КУД Злетовски рудари и балетот Магија беа преубав декор на сцената. Се на се уште едно успешно издание на Зелникот на баба, кое ќе биде запаметено по огромната посетеност.

Извор: Општина Пробиштип

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *