Oпштина Радовиш: Црвен крст-Општинска организација Радовиш го одбележа Денот на Црвениот Крст и Денот на крводарителите

Меѓународното движење на Црвениот крст е настанато како резултат на желбата да им се помогне и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно. Црвениот крст е отворена организација и ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов заедно со Секретарот на ОО Црвен Крст – Радовиш Верица Беќарова им доделија благодарници на крводарители кои имаат 10 дарувања на крв.

Доброволното дарување на крв претставува израз на високи етички, хумани и морални вредности, да се дарува крв и да се спаси нечиј живот и висок чин на хуманост и благодарност. Благодарение на изразената свест кај илјадници наши сограгани, спасени се многу човечки животи. Изјави Секретарот на Црвен крст на општинска организација Радовиш.

Извор: Oпштина Радовиш