Општина Штип: Спречена изградба на станбени објекти кај месноста Суитлак

Локалната власт спречи изградба на стамбени објекти во една од најубавите населби во градот, тоа е месноста Суилтак.

Претходната локална власт имала идеи во делот на генералниот урбанистички план да овде во оваа зелена зона изникнат стамбени објекти.

„Сакам да потврдам дека во разработката на новиот генерален урбанистички план веке новата локална власт и идеата за изградба на стамбени згради е запрена. Повторно овој дел се врака во намена Д, зеленило спорт и рекреација,“ изјави градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Локалната власт има за цел овој дел од градот да се развива за спорт и рекреација и во компактибилните намени коишто ги предвидува таа Д намена.

Избор: Општина Штип

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *