Општина Центар: Базар на ракотворби

Комисијата за еднакви можности на Општина Центар-Скопје во соработка со организации на жени кои изработуваат ракотворби во неделата, на 31.03.2019 година во паркот на Франкофонијата организираа базар на ракотворби.

На базарот беа изложени рачно изработени предмети од страна на 11 жени кои се регистрирани во Комората на занаетчии. Изложени беа разни украси, накит, оргонит, икони, сувенири, плетени изработки, предмети од цртано стакло и други рачни изработки.

Извор: Општина Центар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *