Општина Центар: Општина Центар се приклучува во одбележување на месецот на Франкфонијата

Со проект наменет за децата од предучилишна возраст, Општина Центар се приклучи кон одбележувањето на месецот на Франкофонијата 2019. Проектот „Ајде да ја запознаеме Франција“, Општината го реализира во соработка со Францускиот институт во Скопје.

Шеесетина деца на возраст од 5 и 6 години од градинката „13 Ноември“ – објект Јасмин, заедно со нивните воспитувачи, во текот февруари и март ја посетија медијатеката во Францускиот институт. 
Малите посетители особено беа воодушевени од детското катче и понудените содржини како сликовници, детски книги, приказни и бајки, звучни книги, стрипови и енциклопедии.


Во првиот циклус на анимации во медијатеката беше прикажана проекција на цртаниот филм „Да се запознаеме со Чупи“. А во вториот циклус, децата имаа можност да се запознаат со домашни и диви животни, преку тематски колекции на книги. Потоа, се забавуваа преку игра на меморија и ја учеа француската песничка „На мостот на Авињон“. 

Очекуваните резултати од овој проект се запознавање и зголемена информираност на францускиот јазик, култура, стил и творештво уште од најмала возраст.

Во текот на наредните месеци ќе бидат поставени франкофонски катчиња во градинката, а децата ќе можат да се запознаат со интересни изданија на сликовници, друштвени игри, енциклопедии и други едукативни книги од современото француско книго издаваштво.

На тој начин се овозможува приближување на библиотеката кон децата и осовременување и зголемување квалитетот во воспитувањето и образованието. 


Во текот на мај ќе се одржи финален настан со сите деца кои учествуваа во проектот.

Извор: Општина Центар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *