Општина Центар: Прво училиште во Општина Центар по цели 47 години

J.X.Песталоци“ е последното училиште што било изградено во нашата општина, во 1969 година, како донација на швајцарската Влада по катастрофалниот земјотрес. Иако со своите 12.000 жители е најголема населба во Центар, Капиштец немаше свое училиште.

Поради тоа, голем број деца се принудени да одат во училиштата што се наоѓаат далеку од населбата.

За да стигнат до најблиските училишта децата мораат да поминуваат повеќе сообраќајници, со што е загрозена нивната безбедност.

Со изградбата на новото основно училиште, конечно Капиштец доби своја модерна образовна установа за 500 ученици

Детали на проектот

При проектирањето водевме сметка училиштето да биде приспособено на новата образовна програма, во согласност со Законот за изградба на ваков тип образовни објекти. За секој ученик е планиран минимум простор од 5м², а во секоја паралелка да има од 25 до 28 ученици со што  ги исполнуваме меѓународните стандарди.

ПОВРШИНА НА ПАРЦЕЛА 10.600М²

ПОВРШИНА НА ОБЈЕКТОТ 12.000М²

КАПАЦИТЕТ 500 УЧЕНИЦИ

ОБЈЕКТ ЗА ДЕВЕТ РАЗЛИЧНИ ГЕНЕРАЦИИ

При планирањето на просторот имавме предвид дека во училиштето ќе учат деца на возраст од шест до 15 години. Поради разликата во возраста од девет години, знаќително се менуваат потребите и интересите на учениците.

Со идејното решение е обезбеден објект што ќе им овозможи пријатно школување на девет генерации.

ИЗВЕДБА И МАТЕРИЈАЛИ

Целиот објект ќе биде изведен во армирано бетонски систем со кој се обезбедува исклучително високо ниво на сеизмичка заштита и максимална безбедност на учениците. Во објектот ќе бидат вградени природните материјали што обезбедуваат здрава и сигурна средина за престој и за учење.

Кабинетите ќе бидат опремени со најсовремени наставни помагала, интерактивни табли и таблет-компјутери.

Винилните подови се со антибактериски и антиалергени особини, погодни за поедноставно одржување и поголема хигиена.

Во целиот објект ќе има топловодно подно греење со кое ќе се постигнуваат идеални температури во секоја просторија.

Енергетски ефикасната фасада ги спречува сончевите и другите негативни атмосферски влијанија, а флот-стаклата преставваат посебна заштита, кои истовремено обезбедуваат природна светлина во поголем дел од денот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *