Општина Велес: Наскоро Велес со нови сообраќајни решенија

Планот за одржлива урбана мобилност за град Велес беше во фокусот на денешната работна средба што се одржа во просториите на Општина Велес, на која пристуствува претставници од реномираната консултатнтска фирма АПИА, Словенија, граѓански здруженија, институции и од бизнис заедницата.

Резултатите од посетите на терен,  како и од претходно направените анализи за актуелните состојби за сообраќајот во Велес, анкетните прашалници , и вообичаените предизвици произлезени од дискусијата со присутните, ќе бидат имплементирани во планот.

„Велес може да кажам дека постигна  европски рекорд со  над 4800 анкетни прашалници кои ги добивме назад“ , додаде Горан Јовановиќ, лидер на тимот од АПИА.

Присутните експерти за сообраќај истакнаа дека просекот на секои 1000 жители во државите членки на ЕУ е 650 возила, а во Велес таа статистика е 250 возила на 1000 жители. Во т.н. “Бела книга” на Европската Унија се предвидува намалување на CO2 и други штетни гасови до 60% до 2050та година, а тоа ќе се постигне, меѓу другото и со намалувањето на бројот на автомобили вклучени во сообраќајот, посебно со намалувањето на користењето на дизел возилата. По извршените анализи и испитувања од 16-часовното снимање и пребројување на возилата на седум раскрсници во градот,  АПИА ги презентираше предлог решенијата кои укажуваат дека  најоптоварени раскрсници во градот се онаа со семафорското решение, каде во рок од 24 часа поминуваат над 2500 возила, како и раскрсницата со кружниот тек во центарот на градот.

„Очекуваме најдоцна  до јуни 2019 да се направи еден ефективен и ефикасен транспортен модел со вклучена анализа за загадување од сообраќај, предлог модели на јавен сообраќај и подобрен јавен превоз,  како и да добиеме јасни насоки во однос на управувањето со паркирањето кое е голем предизвик за нашиот град„ истакна Коцевски во своето обраќање. 

Извор: Општина Велес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *