Општина Велес: Претставен Планот за животна средина за проектот “Паметно езеро Младост”

Спецификациите, сите инфраструктурни и културни содржини предвидени за изградба во рамки на проектот “Паметно Езеро ‘Младост'”, беа претставени на денешната Јавна расправа одржана во просториите на Општина Велес. На истата, која беше од интерактивен карактер, со свои предлог идеи и конструктивни прашања се вклучија претставници од НВО секторот од градот, претставници од јавните институции, како и од приватниот сектор, пред се од хотелите и рестораните кои гравитираат околу просторот на езерото “Младост”.

“Идејата на одржливиот развој е искористување на сопствените ресурси и содржини кои ги имаме во својата средина за зајакнување на економскиот раст на целата заедница” истакна Пенчо Кимов, раководител на проектот на Општина Велес. Консултантката од невладината организација “Еко Мозаик” од Скопје, г-ѓа Тања Николовска, при образложи во својата презентација дека при реализирањето на инфраструктурните активности на локалитетот нема да се сечат и отстрануваат ниту едно од постоечките дрвја, туку само ниски грмушести растенија до 40см. Потребна е крајна внимателност и во однос на градежните активности кои ќе следат да не ги нарѕшат постоечките еко системи.

Проектот “Паметно Езеро ‘Младост'” во износ од над милион евра е финансиран од ЕУ и сопстевено учество на Општина Велес, а администриран од проектната канцеларија на Светска банка.

Извор: Општина Велес