Општина Велес: Проекти за развој на инфраструктурата

Согласно програмските определби на општината за континуирано подобрување на комуналната инфраструктура, Градоначалникот Аце Коцевски на ден 03.04.2019 година со стручните лица од Одделението за комунална инфраструктура направи увид во тековните проекти на терен.

Во тек е проектот за партерно уредување на дворот во училиштето “Коле Неделковски“.

Во населбата „Порцеланка“ компанијата „Тргоцемент“ врши тампонирање на улицата која во следната фаза ќе се бетонира. Во оваа населба жителите веќе се поврзани на градскиот водоснабдителен систем кој Советот на Општина Велес го предаде на управување на ЈКП „Дервен“. На овој систем ќе можат да се приклучат и други правни и физички лица.

Во село Црквино започнаа работите за асфалтирање на 3 улици. Во тек се и подготвителните работи со ЈКП „Дервен“ за подобрување на подземната инфраструктура  за водоснабдување на езерото „Младост“ како и на улицата „Трајче Петкановски“ во населбата „Превалец“. Воедно „Дервен“ работи на поставување на противпожарни хидранти на улицата „Партизанска“ во с. Горно Оризари. И во наредниот период активностите ќе продолжaт согласнo со програмите на општината.

Извор: Општина Велес