Општина Велес: Велешани за почист Велес – Еколошка акција кај топилницата

Се реализираше четвртата масовна еколошка акција. Овојпат, се чистеа површините во близина на топилницата.

Акцијата се одржа во рамките на Деновите на пролетта- Денови на екологијата.

Во акцијата се вклучија претставници на Советот на Општина Велес, голем дел од вработените во општинската администрација, ЈКП Дервен, граѓани, членови на здруженијата „ Акцијаш“ и Црвениот крст. Се очекува да се соберат повеќе од 100м3 отпад.

Акцијата се организаираше во близина на топилницата со цел да се уреди парк шумата која е првиот заштитен појас од загадувањето на топилницата.

Во наредниот период ЈКП „Дервен“ ќе продолжи со уредување на површината согласно програмата за работа.

Извор: Општина Велес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *