Протест на Конфедерација на Слободни синдикати во Кичево

Во сабота на ден 23 февруари 2019 се одржа протест на КСС во Кичево кој беше еден во низата најавени протести на КСС. Потсетуваме дека претходно беа одржани протести во Прилеп и во Штип. На овој протест незадоволството го изразија околу 1000 незадоволни граѓани вработени во јавниот сектор.

Протестниот марш започна од Железничката станица во Кичево, а заврши на главниот плоштад во Кичево каде се изнесоа говорите на Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, претседателот на СОНК, Јаким Неделков и претседатлот на регионалниот одбор Кичево – Цане Крстески и секретарот Зуфер Рушај кој на присутните се обрати на албански јазик.

Тие ги искажаа барањата за протестот, барањето за отпочнување преговори за изменување и дополнување на Општиот Колективен договор за јавен сектор, со што ќе се дефинираат некои прашања и ќе се подигнат некои права на работниците вработени во јавниот сектор, вклучително и во образованието, науката и културата, а особено за враќање на стекнатото право за регрес за годишен одмор, јубилејни награди, воведување на 13 плата и други додатоци на плата.

На протестот незадоволните работници носеа пароли каде беа испишани нивните барања и тоа ” Сигурни работни места”, Стоп за трансфер од јавен во приватен сектор” и “КСС-силата на новото време”.

Извор: Конфедрација на слободни синдикати

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *