СЕП: Напредокот во евроатланските структури создава одлична бизнис клима за инвестиции

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Република Португалија оствари средба со Министерот за инвестициии економски развој на Република Полска,Јежи Квиецињски, каде беа отворени темите за билатералната и економската соработка помеѓу двете земји, како и за поддршката од страна на Полска за европските интеграции на Република Северна Македонија.

„Пред само три дена Парламентот на Полска го ратификуваше протоколот за НАТО, и дозволете ми ја честа да ви ја пренесам искрената благодарноста на Владата и граѓаните на Република Северна Македонија, за континуираната поддршка од страна на Република Полска, како билатералната, инвестирајќи во напредокот на нашата земја, така и поддршката за нашие евроатлантски амбиции“, изјави Османи,  посочувајќи и на улогата на Република Полска во креирањето на поддршката на процесот на проширување како во самата Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група.

Во продолжение на средбата Вицепремиерот Османи нагласи дека Владата дава силна поддршка за економски раст и развој на државата, преку мерки со кои се стимулираат нови инвестиции за технолошки развој и повисока конкурентност на македонските компании, при што потенцираше дека странските инвеститори вклучително и полските може да очекуваат стабилна клима за инвестиции во нашата земја, како и финансиска поддршка и потполна соработка од страна на Владата.

„Република Северна Македонија има извесна евроатлантска иднина, што создава поволни услови за странските инвеститори, како и посебна околина за севкупниот економски развој. Ние како Влада сме особено посветени да обезбедиме предвидлива и прифатлива околина за странските инвестиции кои се добредојдени во земјата.“, истакна Османи, упатувајќи покана и до Министерот Квиецињски за посета на Република Северна Македонија

Претходно во рамките на повеќедневната работнапосета на Португалија Вицепремиерот Османи оствари средбии со Министерот за надворешни работи на Република Португалија, Аугусто Сантос Силва, како и со Претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос, а во неговата агенда е и учеството нагодишниот Хорасис глобален состанок (HorasisGlobalMeeting) кој е еден од водечките светски собири за бизнис на политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата “Катализирање на придобивките од глобализацијата”.

Извор: Секретаријат за европски прашања