СЕП: В.П Османи -Хрватска застанува во поддршка на европските перспективи на Северна Македонија

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посета на Република Хрватска, оствари средба со неговата колешка Марија Пејчиновиќ-Буриќ, Заменик Претседателката на Владата на Република Хрватска и Министерка за надворешни работи и европски прашања.

„Постои долга традиција на добри односи и пријателство меѓу двете земји, кое беше потврдено и со брзата ратификација на протоколот за членство НАТО, за што сакам посебно да ја пренесам благодарноста на Владата во Скопје и граѓаните на Северна Македонија“ истакна Османи на средбата, упатувајќи посебна благодарност до Буричиќ и за континуираната поддршка за европските интеграции на нашата земја.

„Се наоѓаме буквално на еден ден од објавата на Извештајот на Европската Комисија, во чија содржина, веќе извесно е, дека ќе се рефлектира напредокот на Република Северна Македонија и во затворањето на политичките прашања, но и напредок во имплементација на реформската агенда“ истакна Османи, посочувајќи на очекувањата во земјава за испорака на преземените обврски од страна и на Европската Унија, преку конфирмација на одлуката од минатата година, за почеток на преговорите со Северна Македонија оваа година.

„Свесни сме за потребата од остварување консензус за оваа одлука во рамките на ЕУ, како и за предизвиците со кои се соочува Унијата, а кои претставуваат предизвик и за земјите – членки, и во оваа насока ја очекуваме поддршката од нашите најблиски пријатели во остварување на нашите европски перспективи, меѓу кои секако ја сметаме и Хрватска.“ истакна Османи.

Во агендата на Османи се наоѓа и средбата со Претседателот на Комисијата за европски прашања во хрватското собрание, Домагој Иван Милошевиќ, на кои покрај европските интеграции ќе се разговара и за соработката парламентите на двете земји, како и за улогата на националните законодавни тела во европските процеси.

Извор: Секретаријат за европски прашања