СЕП: Заедно кон ѕвездите – кампања на СЕП за новите европските перспективи на земјава

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од паркингот на Скопско Кале на симболичен начин – на ден 01.06.2019 година поаѓајќи со автобус го означи почетокот на новото поглавје на европските интеграции на Република Северна Македонија.

„Имаме право да бидеме горди затоа што ги отстранивме сите пречки, ги создадовме сите услови, и како што е прецизно наведено во Извештајот на Европската комисија, создадовме држава подготвена за старт на преговорите,“ истакна Османи, уверувајќи ги граѓаните дека перспективите набргу ќе се претворат во реалност. „Ве уверувам и ве повикувам: не се воздржувајте да бидете горди, не се плашете да бидете оптимисти – Република Северна Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата оваа година!“ –истакна Османи.

Присутните потоа се качија во автобусот кој беше специјално брендиран за оваа прилика, со што симболично го започнаа новиот пат. Настанот продолжи во МК-ЕУ Инфо центарот на централниот плоштад, каде беа промовирани и студентите – победници на конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“, кои идната недела ќе престојуваат во студентска посета на Брисел, каде ќе ги посетат европските институции и одблиску ќе се запознаат со нивната работа.

Извор: Секретаријат за европски прашања