СЕП:В.П Османи-Прифакање на европските вредности-Основа за долгорочна стабилност на Балканот

Во рамките на одбележувањето на европските денови во Република Северна Македонија, денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се одржа Панел – Конференција на тема „Западен Балкан и евроатлантските вредности“ на која покрај Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи и ко-организаторот, Директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села учествуваа и домашни претставници и експерти од земјите од регионот.

„Се наоѓаме во еден исклучително динамичен период, во кој промените се случуваат со голема брзина, при што темата ‘Западниот Балкан и евроатланските вредности’ на денешната Панел – Конференција е од исклучителна важност за сите земји од регионот во рамките на која можеме заеднички да дебатираме и да изнесеме аргументации за тоа со каква брзина, ние, земјите членки од Западниот Балкан, ги интегрираме, ги имплементираме европските и евроатлантските вредности, имајќи ги нашите недвосмислени амбиции за членство во ЕУ и НАТО“- истакна Османи.

Во продолжение панелистите дебатираа за предизвиците со кои се соочува регионот, особено од аспект на европските и евроатлантските интеграции, изразувајќи суштинска поддршка за процесот, како носечки елемент на напредокот на сите земји од Западниот Балкан. Во ова смисла беше нотиран и напредокот на Република Северна Македонија, како земја чии успех се посочува како позитивен пример за затворање на отворените прашања и посветеност кон реформите.

Извор: Секретаријат за европски прашања