Министерство за надворешни работи: Средба на министерот Никола Димитров со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

Димитров упати честитки до амбасадорот Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата. „Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за Регионот, Европа и за трансатлантската заедница“, рече МНР Димитров.

Амбасадорот Рикер упати честитки за постигнатиот договор со Грција со кој се стави крај на спорот околу името и со кој се отвораат вратите кон заслуженото место на Република Северна Македонија во НАТО. „Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа“, порача Рикер, истакнувајќи дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.

Извор: Министерство за надворешни работи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *