ССМ: 1-Мај Синдикален марш – “Не може да се одлучува за нас, без нас”

Почитувани,

Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите членови на синдикатот, работници и граѓани да ни се придружат на Синдикалниот марш кој го организираме по повод 1 – ви Мај – Денот на трудот.

Синдикалниот марш ќе отпочне во 11 часот пред зградата на ССМ на 1–ви Мај 2019 година.

Мотото на Синдикалниот марш –  “Не може да се одлучува за нас, без нас” ги  обединува и претставува сите  работници и граѓани.

Нашиот глас – гласот на работниците, поттикнува, бара и мотивира, но истовремено, обврзува, задолжува и предупредува.

Се залагаме за брза и ефикасна реализација на работничките   приоритети:

  • Договори за вработување на неопределено време;
  • Стоп за договорите на определено време подолго од 1 година;
  • Сабота и недела, денови на неделен одмор;
  • 12 месеци породилно отсуство;
  • Минимална плата најмалку 13.800,00 денари;
  • Пораст на платите – платите да пораснат, младите да останат;
  • Регрес за годишен одмор за сите;
  • Стоп за зголемување на границата за пензионирање;
  • Здрави и безбедни работни места;
  • Стоп за мобинг и дискриминација;
  • Стоп за мешање во синдикалното организирање;
  • Унапредување на колективното договарање.

Сојузот на синдикатите на Македонија инсистира да се делува во насока на побрза реализација и обезбедување на достоинство на трудот и работата.

Придружете ни се, заедно сме погласни и посилни!

Честит ден на трудот!

Извор: Сојуз на Синдикати на Македонија