ССМ: На терен со Работниците

Вчера се оствари средба на претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски со 50 работнички од текстилна компанија од Богданци, а на средбата присуствуваше и Градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шопов.

Отворената телефонска линија на која работниците можат да побараат заштита и да пријават прекршување на работнички права е од голема помош за работниците.

Во текот на вчерашниот ден, по пријава доставена од страна на колешки работнички вработени во Бребо-еко текст од Богданци беше пријавено дека со манипулација од страна на работодавачот биле принудени да потпишат бланко листови со кои потоа им бил трансформиран работниот однос од неопределено на определено време, како и за спогодбен престанок на работен однос и на таков начин и престанал Договорот за вработување.

ССМ застанува во заштита на текстилните работничките и ќе бидат преземени сите мерки против работодавачот кој во овие исклучително сложени услови со манипулација и подметнување остава без егзистенција повеќе од 70 текстилни работнички.

Во минатиот период во соработка со Државниот трудов инспекторат ваквата појава беше брзо и ефикасно разрешувана и работниците беа враќани на своите работни места, а работодавачите санкционирани.

Заеднички апел упатија и Претседателот на ССМ и Градоначалникот на Општина Богданци, работниците да не потпишуваат бланко документи кои потоа се користат од страна на несовесните работодавачи за губење на работните места, а впрочем тоа ССМ го укажува во целиот изминат период особено во време на памдемијата предизвикана од КОВИД -19.

АПЕЛИРАМЕ РАБОТОДАВАЧОТ САМ ДА ГИ ВРАТИ РАВОТНИЦИТЕ НА РАБОТА, А АКО НЕ, ССМ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ СЕ, СИТЕ НАДЛЕЖНИ ДРЖАВНИ ИНСПЕКЦИСКИ ОРГАНИ ДА ГИ СПРОВЕДАТ СИТЕ КОНТРОЛИ И ДА СЕ КОНСТАТИРААТ СИТЕ НЕПРАВИЛНОСТИ.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија