УЈП: Јавен Повик за аплицирање на кандидати – студенти за волонтирање

Врз основа на Програма за волонтирање во Управата за јавни приходи за 2019 година број 04-3633/1 од 12.06.2019 година и Одлуката за ангажирање на волонтери – студенти во Управата за јавни приходи број 04-3634/1 од 12.06.2019 година, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати – студенти за волонтирање во
Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи има потреба од ангажирање на волонтери – студенти, поради што се повикуваат сите заинтересирани кандидати – студенти кои немаат се уште дипломирано на соодветниот факултет на кој студираат од областа на општествените науки, природно – математичките науки, техничко – технолошките науки и хуманистичките науки и имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутери MS Windows, MS Office, односно корисничкопознавање од мобилни оперативни системи (Android, IOS) и мобилни кориснички апликации, да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Управата за јавни приходи и нејзините внатрешни организациски единици и тоа:

Организациска единицаБрој на волонтери
ГЕНЕРАЛНА ДИРЕКЦИЈА/ЦЕНТАР ЗА НАПЛАТА НА ГЛОБИ И ДРУГИ ЈАВНИ ПРИХОДИ2
ДИРЕКЦИЈА ЗА ГОЛЕМИ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ3
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СКОПЈЕ7
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА БИТОЛА3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУГА2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ РЕСЕН2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ДЕМИР ХИСАР2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ПРИЛЕП3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КАВАДАРЦИ3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ НЕГОТИНО2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР МАКЕДОНСКИ БРОД2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР КРУШЕВО2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ТЕТОВО3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГОСТИВАР3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КИЧЕВО2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ДЕБАР2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА ШТИП3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КУМАНОВО3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КРИВА ПАЛАНКА2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КОЧАНИ2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВИНИЦА2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СВЕТИ НИКОЛЕ2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР КРАТОВО2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ДЕЛЧЕВО2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ПРОБИШТИП2
РЕГИОНАЛНА ДИРЕКЦИЈА СТРУМИЦА3
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ БЕРОВО2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГЕВГЕЛИЈА2
ДАНОЧНО ОДДЕЛЕНИЕ РАДОВИШ2
ДАНОЧЕН ШАЛТЕР ВАЛАНДОВО2
ВКУПНО:80

Волонтерската работа ќе се извршува во текот на летниот период од 01 Јули до 30 Септември 2019 година, во просториите и во местото кое е седиште на организациската единица на УЈП.
Волонтерот има право на надоместок на трошоците за храна и трошоците за превоз до и од местото на волонтирањето најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година.
Заинтересираните кандидати потребно е да приложат уредна документација која треба да содржи:
1) Потврда за статусот на студент и 
2) Писмо за интерес со кратка биографија и податоци за контакт.
Документите се доставуваат во писарницата (архивата) или преку пошта на следната адреса:

Управа за јавни приходи
Генерална дирекција Скопје
Бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1, 1000 Скопје
Со назнака: „За Јавен повик за волонтирање во УЈП“

Рокот за доставување на документите изнесува три (3) работни дена сметано од денот на објавување на јавниот повик на веб страницата на УЈП, заклучно со 18.06.2019 година.
По истек на рокот за доставување на документи, селекцијата на кандидатите кои доставиле уредна документација ќе ја врши комисија формирана од директорот на Управата за јавни приходи врз основа на доставените документи, а по потреба и со дополнително повикување на интервју во просториите на УЈП.


Избраните кандидати ќе бидат повикани да склучат договор за волонтирање во УЈП.

Извор: Управа за јавни приходи