spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиУЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава

УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава

Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, а со оглед на тоа дека се очекува поднесување на даночни пријави за даночен период од 01-01.2022 – 31.03.2022 и за 01.03.2022 – 31.03.2022 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ, со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.04.2022 односно 26.04.2022 поради Велигденските празници) се продолжува за 1 (еден) работен ден, односно за краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.04.2022 година.

 

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...