spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Согласно Законот за даночна постапка, со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, и поради повеќето неработни денови во месец април 2023 година, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 3 (три) работни дена.

Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.04.2023 година ќе се смета 28.04.2023 година.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...