Влада: Градењето и поврзувањето е приоритет, со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква

„Со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – квалитетна сообраќајна поврзаност. На почетокот на зимската сезона, сега граѓаните на Кочани, на регионот и сите граѓани туристи од земјата и од странство имаат модерен и безбеден сообраќаен пристап до туристичката понуда на Осогово и убавините на планината, вклучувајќи го тука и експресниот пат Штип-Кочани кој влезе во неговата последна фаза на изградба“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев, извршија увид и изразија задоволство од завршените работни активности на регионалниот пат Кочани – Пониква.

Премиерот Заев информираше дека патот се реконструираше по целата негова должина од 19,4 километри со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски во вкупна вредност од 2 милини евра.

Воедно претседателот на Владата соопшти дека дополнително на Пониква заврши и реконструкцијата на двата ски-лифта, се градат планинарски дом и две велосипедски патеки од Кочани до Пониква.

Исто така премиерот Заев наведе дека наскоро ќе започне реализацијата на браната на Арамиска Чешма, којашто ќе го реши водоснабдувањето на туристичкиот комплекс.

„Се очекува сите овие проекти да ги зголемат туристичките потенцијали на Пониква и да придонесат за побрз развој на регионот. Градиме и се поврзуваме. Во „Акција 21 – европски стандарди дома“, градењето и поврзувањето го ставивме како приоритет. Европски стандарди дома значи добри патишта за да ни се развива туризмот.  Иако сме во време на пандемијата од корона кризата, со посветена работа и добро менаџирање, не дозволивме изведбата на националните, регионалните и локалните капитални проекти да запрат. И во услови на оваа здравствена криза тие и понатаму се мотор на домашната економија“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека со овој патен правец после четириесетина години добиваме квалитетна патна инфраструктура до овој ски-центар.

„Во нашиот План 21, инфраструктурата е на високо место во владината агенда. Се гради првиот експресен пат од Штип до Кочани, ја рехабилитиравме обиколницата кај Кочани, патот од Кочани до Делчево и сите патни правци до Бугарија“, посочи министерот Бочварски.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев нагласи дека со овој патен правец Кочани го има најквалитетното патно поврзување од сите туристички центри во нашата држава и  Пониква полека станува посакувана и привлечна дестинација.


Премиерот Заев од Кочани: Европски стандарди дома, со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот

Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев при денешната работната посета на Кочани извршија обиколка на целосно рехабилитираниот регионалниот пат Кочани –  Пониква, со кој се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот во регионот.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Заев.

„За време на нашата посета на Општина Кочани и на Источниот плански регион, до нашата дестинација ски-центарот „Пониква“, вредно е да го одбележиме крајот на работите на рехабилитацијата на регионалниот пат Кочани –  Пониква. 

Рехабилитиран е патот по целата негова должина од 19,4 километри во вкупна вредност од 2 милини евра со средства од буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Со целосната рехабилитација на патот Кочани – Пониква се решава едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – квалитетна сообраќајна поврзаност.

На почетокот на зимската сезона, сега граѓаните на Кочани, на регионот и сите граѓани туристи од земјата и од странство имаат модерен и безбеден сообраќаен пристап до туристичката понуда на Осогово и убавините на планината, вклучувајќи го тука и експресниот пат Штип-Кочани кој влезе во неговата последна фаза на изградба. 

Паралелно со рехабилитацијата на патот, на Пониква заврши реконструкцијата на двата ски-лифта, и се градат планинарски дом и две велосипедски патеки од Кочани до Пониква. Наскоро ќе започне реализацијата на браната на Арамиска Чешма, којашто ќе го реши водоснабдувањето на туристичкиот комплекс.

Се очекува сите овие проекти да ги зголемат туристичките потенцијали на Пониква и да придонесат за побрз развој на регионот.

Градиме и се поврзуваме. Во „Акција 21 – европски стандарди дома“, градењето и поврзувањето го ставивме како приоритет. Европски стандарди дома значи добри патишта за да ни се развива туризмот. 

Иако сме во време на пандемијата од корона кризата, со посветена работа и добро менаџирање, не дозволивме изведбата на националните, регионалните и локалните капитални проекти да запрат. 

И во услови на оваа здравствена криза тие и понатаму се мотор на домашната економија.

Секако, бидејќи ја спомнавме зимската туристичка сезона, Владата дозволи да  се отворат ски центрите, но и во оваа прилика ја користам да апелирам да се почитуваат мерките за заштита, а претстојните празници да ги поминеме одговорно.“

Извор: Влада