Влада и Министерство за информатичко општество и администрација: Предлог текстот на Законот за Висока Раководна Служба објавен на ЕНЕР

Во наредните 20 дена поднесете ги вашите коментари, забелешки или предлози, со цел да придонесете кон подобрување на текстот на Законот.

Вашите коментари поднесете ги на овој линк.

Во законодавството во Република Северна Македонија не постои јасно разграничување меѓу политичкото и професионалното ниво, односно не е јасно дефиниран и утврден опфатот за висока раководна служба. Со Законот за административни службенци е направен првиот исчекор кон професионализација на извршните раководители во административната служба. Со Законот за вработените во јавниот сектор се опфатени органите на државната и локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и закон, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

Со новиот закон за Висока Раководна Служба (ВРС), ќе се воспостави воедначена процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции – издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност. ВРС ќе има специфичен правен статус, одвоен и различен од Законот за административни службеници. Со одредбите од новиот Закон за Висока Раководна Служба ќе се дефинира Високата Раководна Служба и ќе се воспостави централно тело Комисија за селекција на Високата Раководна Служба.

Извор: Влада

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *