Влада: МВР Спасовски – Создаваме ефикасни органи за водење на финансиски истраги

„Одлучна и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е приоритет на секоја држава која е определена кон воспоставување на демократија, владеење на правото и правна држава.

Тоа е и наш стратешки приоритет, при што фокусот на нашите активности е насочен кон превенција, спречување и борба со сите облици на организиран криминал, согласно највисоките стандарди на полициското работење. Во овој сегмент видливи се и конкретни резултати од нашата заложба.

Меѓутоа, нашето искуство не уверува дека во остварување на оваа цел не е доволно само ефикасно откривање и гонење на сторителите туку е потребно и ефикасно одземање на криминалните приноси, со што на сторителите на криминалот ќе им се оневозможи натамошно проширување на криминалната активност“, рече меѓу другото министерот Оливер Спасовски на ден 07.06.2019 година во обраќањето на Петтата сесија на Работната група IV – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Следејќи го патот на парите: Зајакнување на механизмите за финансиски истраги“ во организација на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија што денеска се одржа во Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово. 

Извор: Влада