Влада: Нов Закон за правосуден испит

Министерката за правда во Владата на Северна Македонија, Рената Дескоска, на денешната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022 година), информираше дека на денешната, 134 седница на Владата на РСМ, и формално е донесена одлука со која премиерот Заев, на негова иницијатива, се повлекува од местото Претседател на Советот, и дека од денеска со седниците на Советот ќе претседава таа, како министерка за правда.

Во продолжение на седницата, Министерката Дескоска ги информираше членовите на Советот дека Министерството за правда подготви нови Предлог-Закон за правосуден испит.

Членовите на Советот ги поддржаа решенијата содржани во Предлог-Закон за правосуден испит.

На денешната седница на Советот, се разгледуваа и резултатите од „пилотирањето на Матрицата за оценка на перформансите на Јавното обвинителство“.

 

Извор: Влада