Влада: Одговор на Владата на РСМ до Реисул-Улема на ИВЗ: Северна Македонија е секуларна држава, верските права и слободи се остваруваат преку градење меѓусебна доверба, а не преку закани и ултиматуми

Владата на Република Северна Македонија јавно го соопштува одговорот упатен до раководството на Исламската верска заедница и до Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи, после добиено писмо од ИВЗ кое содржи вид на уцени, закани и ултиматуми за предмети за кои се водат постапки пред надлежните институции.

Во интерес на јавноста и во одбрана на вредностите на заедничкото живеење и концептот едно општество, писмото на ИВЗ до Владата и одговорот на Владата до ИВЗ ги објавуваме во целост.

Писмото на ИВЗ до Владата на Република Северна Македонија:

Одговор на Владата на Република Северна Македонија:
 
ДО:  
 
ИСЛАМСКА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
РЕИСУЛ УЛЕМА х. СУЛЕЈМАН еф. РЕЏЕПИ
 
„Почитувани,
 
Во однос на примениот допис бр. 03-154 од Ваша страна, истакнуваме дека истиот претставува неприфатлив облик на обраќање кон државните институции, кој е вид на уцена и закана, поради што сериозно размислуваме за истото да го известиме надлежното јавно обвинителство.
 
Во дописот споменувате неколку предмети, за кои се води постапка пред надлежните институции, која е независна од волјата на извршната власт, а втемелена и зависна од строгото почитување на позитивното право во државата.
 
Според Уставот, како највисок правен акт, Република Северна Македонија е секуларна држава, а оваа извршна власт никогаш нема да презема чекори со кои би ги манипулирала верските чувства или би се мешала во односите внатре во верските заедници или помеѓу нив. Во таа насока ги отфрламе сите обвинувања дека било која верска заедница е фаворизирана во државата, а таквото обвинување го сметаме за претенденциозно и паушално.
 
Доколку кај Вас почитуван, постои сомнеж или индиција дека некоја институција ги прекршила позитивно правните прописи Ве охрабруваме како Реисул на ИВЗ да покренете соодветна постапка пред надлежните органи со соодветно правно барање.
 
Особено важно е да нагласиме дека во мултиконфесионално општество верските граѓански права и слободи се остваруваат преку постојан процес на градење на меѓусебна доверба помеѓу различните конфесии, а не преку ултиматуми, кои како правило на игра доколку го прифатат сите регистрирани верски заедници, сериозно негативно би се одразило врз општествената кохезија.“

Извор: Влада

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *