Влада: Потпишан Меморандум за соработка со фондацијата Метаморфозис

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и извршниот директор на фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари, на ден 17.04.2019 година го потпишаа Меморандумот за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и фондацијата Метаморфозис за поддршка во креирањето и реализацијата на стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.

Процесот на подготовка на Стратегијата за транспарентност ќе опфаќа анализа на состојбата од страна на експерти, како и формирање на работна група составена од претставници на релевантни институции и граѓанското општество, со цел да бидат вклучени сите засегнати чинители.

За сеопфатен и инклузивен консултативен процес, освен средбите на работната група, предвидени се и јавни дискусии со кои ќе се овозможи учество на претставници на државниот, граѓанскиот, приватниот сектор и научно-образовните институции.

Извор: Влада